8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев и Љупчо Николовски: Во затвор завршуваат тие што крадат – Промовирана...

Заев и Љупчо Николовски: Во затвор завршуваат тие што крадат – Промовирана кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски ја промовираше кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ која е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството и порачаа дека Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата…

– Рековме дека ќе донесеме конкретни мерки за враќање на довербата во институциите и ќе креираме опшество ослободено од корупција. Не постои ситна или голема корупција, ниту пак различен пристап меѓу големата и ситната корупција. Пристапот е единствен, на корупцијата мора да и ставиме крај без разлика од каде доаѓа и кој се нејзините димензии. Мора да им се застане на патот на сите кои го корупираат општеството, а тоа го можеме самоз аедно. Сега се е јавно, пријавете корупција. Немојте да се плашите од никого, рече Заев и на функционерите им порача:

-Корупцијата не се исплати, во затвор завршуваат тие што така прават и завршуваат засрамени пред своите деца и пред своите пријатели, рече премиерот.

На средбата со новинарите се обрати и Николовски, кој рече:

-Ова е борба во која секој поединец е важен. Резултатите зависат од сите нас и јас очекувам дека сите заедно ќе ја постигнеме целта – институциите да постапуваат координирано и да постапуваат, а граѓаните да пријавуваат. Мора да се подигне свеста на граѓаните за препознавање и да ги охрабриме да ја пријавуваат корупцијата. Граѓаните да бидат будни, а институиите да бидат под нивен притисок. Имаме силна поддршка со експертиза и од наши странски соработници и во кампањата ќе биде вклучена и консултантска поддршка од нивна страна. На корупцијата мора да и се застане на патот, рече Николовски.
ММС

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...