6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКучето кое беше малтретирано низ скопските улици си заминува за Америка

Кучето кое беше малтретирано низ скопските улици си заминува за Америка

Заловен од скопските улица, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото и малтретирано од локалните жители, Дарио од денеска го живее американскиот сон.

По повеќе од три месеци поминати во „Лајка”, и по долга и напорна работа, Дарио на 2 септември 2021 година се збогуваше со сите наши вработени, подготвен за патот од 16 часа, преку Виена до Чикаго.
Ми

Дарио, кој има две години, е првото куче од „Лајка” што патува надвор од земјава и се вдомува прекуокеански, согласно сите законски процедури за транспорт на кучиња. Тој сега ужива кај новото семејство, носејќи го околу вратот плочка на која пишува „Дарио – те сака Лајка”, за никогаш да не заборави со каква љубов беше чуван сите овие месеци.

Се надеваме дека во иднина многу други кучиња заловени од скопските улици ќе ја доживеат неговата судбина и ќе најдат дом надвор од границите на државата, а Лајка ќе ги обезбеди сите услови за нивно патување и наоѓање лица кои ќе им пружат живот каков што заслужуваат.

Среќен и убав живот во новиот дом, Дарио💙🇺🇸🇲🇰 пишуваат од Лајка

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...