7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Антиваксерската ВМРО-ДПМНЕ прелепува билборди

СДСМ: Антиваксерската ВМРО-ДПМНЕ прелепува билборди

spot_imgspot_img

ВМРО-ДПМНЕ се вознемири, си го покажа уште еднаш своето лице. Вистината ги боли, па прелепуваат билборди, соопштија од СДСМ.

Тие го повикуваат Христијан Мицкоски да излезе на прес конференција и да ги повика сите граѓани да се вакцинираат и да ги почитувате мерките..

-Ајде Мицкоски, ти излези пред јавноста и упати јасен повик сите граѓани да се вакцинираат, во интерес на нивното здравје и заштита на колективното здравје. Не лицемерно, незрело и неодговорно. Без лаги, без измислувања, без манипулации, велат од владеачката партија.

СДСМ обвинува дека на почетокот на август на својата Фејсбук страница Мицкоски објави дека лично веќе бил вакциниран.

-Пред неколку дена пак, на први септември, јавно на телевизија кажа дека се вакцинирал еден ден претходно.​ Затоа што „бил лимитиран„ и не можел да оди по кафани. Прашањето е сега кога Мицкоски се вакцинирал, на почетокот на август или во вторникот, на 31 август? Очигледно е дека државата со мерките го убеди антиваксерот Мицкоски да се вакцинира, стои во соопштението на владеачката партија.

Lokalno.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...