6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаУште на самиот почеток на новата учебна година, ученици заразени со корона...

Уште на самиот почеток на новата учебна година, ученици заразени со корона вирус

Корона вирусот се шири во училиштата. Нови два случаи во средно и основно училиште во Кавадарци по досегашните 14, во неколку основни училишта во Скопје. Стравот кај родителите се шири, најмногу поради неизвесноста, како ваквиот модел на учење ќе влијае на епидемиолошката состојба со вирусот, и дали училиштата се подготвени целосно да ги спроведат протоколите за поголема безбедност. Министерката Царовска, смирува – во училиштата немало трансмисија на вирусот, а учениците не се заразиле во училница. Процентот на заразени ученици и наставници е речиси ист.

За јавноста е битно да знае дека во изминатиот ден имавме 14 позитивни случаи. Тоа е само 0,01 процент од вкупниот број ученици. Кои училишта, кои деца или кои наставници, знаат надлежните служби. Покажување со прст на ученик или школо, нема да донесе добро никому. Во моментов, со физичко присуство, настава посетуваат над 233.000 ученици во државата. Посакувам тој процент на заразени да остане во периодот кој следи, истакна Царовска, која потенцира дека единствениот и најдобар пристап кој може да го примениме во оваа пандемија е физичко присуство со почитување на протоколите – изјави Царовска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...