11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаUncategorized @mkОдлично прво полувреме во Рејкјавик - Македонија води

Одлично прво полувреме во Рејкјавик – Македонија води

Македонската фудбалска репрезентација денес го игра натпреварот од петтото коло во квалификациите за Светското првенство во Катар следната година.

Македонија доминираше во поле, имаше течна игра, а на моменти и знаеше добро да ја задржи топката и да го забави темпото.

Првата голема шанса Македонија ја имаше во 11. минута кога по еден корнер, топката дојде до Муслиу чиј удар од неколку метри заврши во блокот, по што беше досуден нов корнер за нас. По овој корнер падна и голот, откако Алиоски го пронајде осамениот Велковски кој пак го изненади домашниот голман.

По ова следуваше одлична и паметна игра на нашата репрезентација, ја држевме топката во нозете и трпеливо чекавме да ги казнуваме грешките на домаќините, а такви ситуации имаше многу, но за жал не беа искористени, како што се ударите на Костадинов и Алиоски. Сериозна шанса имавме и во самиот финиш на првиот дел, кога Чурлинов украде една топка, го проигра Стефан Ристовски, кој пак со центаршут по земја го пронајде Барди на пеналтикот, но неговиот удар во последен момент успеа да го запре еден од дефанзивците на Исланд.

Македонија заслужено води по првиот дел, а сега останува да се одигра паметно во вториот дел, да се внимава на грешки и ако се укаже шанса, рано да се реши натпреварот.

Целиот текст прочитајте го тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...