8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСимовски: Не примајте попишувач без легитимација

Симовски: Не примајте попишувач без легитимација

Од утринава, кога почна најголемата статистичка операција во земјава, нема информации за одбивање за попишување од страна на граѓаните или за каков било технички проблем, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по попишувањето на едно домаќинство во Ѓорче Петров.

Процесот на попишување е организиран преку 50 регионални центри. Во овие центри, како што наведе Симовски, формирани се пописни комисии составени од лица кои се вработени во локалната самоуправа и нивната функција е да ја обезбедат целокупната логистика за спроведување на попис.

– Сите комисии се во функција и си ја вршат својата работа фантастично добро. Досега немаме никакви забелешки. Во овие комисии се наоѓаат државни инструктори, тоа се лица вработени во Заводот, кои се одговорни исклучиво за спроведување на методологијата како треба да се одвива. Потоа следуваат реонските инструктори кои имаат задача да ја контролираат работата на оној дел од попишувачите кои се под нивна надлежност, во просек по 10 попишувачи на еден инструктор. Главниот сегмент од оваа операција се попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на лице место, образложи Симовски.

Додаде дека по еден попишувач ќе влегува во домаќинствата и дека секој има официјална легитимација. Ако попишувачот нема легитимација, граѓаните да не го пуштаат дома, апелираше Симовски.

– Да не пуштаат ниту еден човек дома да спроведува попишување ако ја нема легитимацијата. Ова го правиме намерно, свесни сме каква антикампања имаме. Можно е секогаш да има некој кој ќе се обиде да го злоупотреби овој процес, нагласи Симовски.

Околу антикампањата, тој потенцираше дека не сакаат да помислат дека пописот ќе пропадне.

– Се подготвувавме толку време, стартувавме добро со намера да го спроведеме пописот да биде максимално успешен. Апсолутно не размислуваме на тема пописот да пропадне. Секој кој се обидува на било кој начин и од било која причина да пропадне овој процес, не им мисли добро на своите граѓани, рече Симовски

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...