5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаХаос во Црна Гора: Демонстрантите фрлаат молотови коктели, петарди, полицијата употреби солзавец

Хаос во Црна Гора: Демонстрантите фрлаат молотови коктели, петарди, полицијата употреби солзавец

Конфликтите во Црна Гора во пресрет на устоличувањето на митрополитот црногорски-приморски Јоаникије ескалираат. Демонстрантите фрлаат молотови коктели, петарди, шишиња, а полицијата употреби солзавец.

Најмалку четири лица беа повредени кога група демонстранти, кои се противат на устоличувањето, утрово неколку пати ја нападнаа полицијата на Цетиње.

Според првите информации, сите се полесно повредени и пуштени се на домашно лекување.

Летаа молотови коктели, петарди, шишиња, а полицијата на нападите одговори со солзавец. Според српските медиуми, во Подгорица се забележани помали инциденти кај автобусот што треба да пренесе дел од свештенството до Цетиње.

Дел од свештенството тргна кон Цетиње, но набрзо се вратија во Подгорица.

Од вчера попладне, сите патишта кон Цетиње се блокирани, а како што пренесува „Вијести“, полицијата им даде рок на демонстрантите на барикадите да се разотидат.

Демонстрантите одговорија со навреди и пцовки.

На Цетиње е полно со полиција, која се обидува да ги спречи демонстрантите да се приближат до манастирот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...