4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаХристо Кондовски: Многу ми е значајна оваа награда затоа што е детектиран...

Христо Кондовски: Многу ми е значајна оваа награда затоа што е детектиран придонесот и на нашата компанија СН Осигурителен брокер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заедничките успеси во агро секторот вечерва ги споделуваме со земјоделците.
Благодарност на признанието во рамките на „Најуспешни во областа на земјоделството за 2021“ во соработка со земјоделската платформа „Агротим“, манфестација во присуство на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и голем број соработници.
Многу ми е значајна оваа награда затоа што е детектиран придонесот и на нашата компанија СН Осигурителен брокер. Потекнувам од семејство каде минатите генерации се занимавале со земјоделие. Точно знам колку е тешко да се работи со земјоделие, заради што често ја користиме флоскулата “фирма на отворено” , во која се работи буквално со неизвесност и на удар од различни непогоди. Земјоделецот спие со едното око отворено. Затоа навистина треба да ги цениме неговите напори.
На почетокот на мојата кариера во 2008 година во „Вардар Осигурување„ кога на колегиум спомнав осигурување на земјоделието ми рекоа дека тоа е исклучително тешка област и дека земјоделците се соочуваат со штети. Тогаш почуствував дека токму во таа област треба да се фатам во костец со осигурувањето и да ги креирам своите компаративни предности. Токму тоа и се случи.
Од 2008 година, па наваму го афирмирам осигурувањето на земјоделието. Од 2014 година со колегите во СН Осигурителен брокер активно работиме во земјоделието. Ние влегуваме онаму каде што другите не сакаат, односно сме вистински партнери на земјоделците. Сите се плашат да осигуруваат во областа на земјоделието, ние не се плашиме.
Партнерскиот и отворениот пристап ќе продолжат и во иднина. Така како што ги отворам и решавам проблемите во приватниот сектор, така ќе пристапам и во Општина Битола.
Не се плашам да ветам. Тоа е моето мото. Зошто знам дека тоа што го ветувам го исполнувам.
#ЗаЕфикаснаОпштина
#ЗаЕфикасноЗемјоделие

<

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...