13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Се е законски во случајот со Кичеец

Заев: Се е законски во случајот со Кичеец

Премиерот Зоран Заев на денешниот настан по повод новата поштенска марка за 30-годишнината од независноста на земјата рече дека нема нарушување на прописите во случајот со сообраќајната несреќа на Зоран Милевски Чичеец

Осудениот на три години затвор откако го призна делото за случајот Текет изминатиот викенд беше еден од седуммината повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселските гробишта, а во која загина едно лице. Подоцна се испостави дека Кичеец го возиел едно од возилата.

– Маријан Спасовски, директорот на Управата за извршување санкции ми ги даде сите детали. Во текот на издржувањето на казната тој имал право од здравствени причини да излезе со комплетирана медицинска документација. Не знам зошто патувал со луѓе, но има право да патува. Има право на викенд, на годишен одмор и на лекување со прекин на казните. Моја должност беше да прашам како претседател на Влада и да проверам дали е се исправно по закон, рече денеска Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...