14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПописот пpeкинат: "Паднал интернетот"

Пописот пpeкинат: “Паднал интернетот”

Малку по 11 часот попишувачите ангажирани за пописот на населението, го алармирале Државниот завод за статистика дека не можат да влезат во апликацијата за попиост. Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски за МКД.мк изјави дека не е проблем апликацијата туку дека проблемот е глобален, односно има проблем со интернетот во целата земја. Симовски нѝ изјави дека го известиле Телеком и дека очекуваат во најкус временски период техничките проблеми да бидат отстранети и попишувањето на терен да продолжи нормално, како во текот на вчерашниот ден.

Симовски вели дека граѓаните не одбиваат да бидат попишувани и дека соработуваат со попишувачите кои се ангажирани од страна на Државниот завод за статистика.

Тој уште еднаш ги повика граѓаните да им отворат врата на попишувачите и да ги дадат своите податоци во интерес на државата и нејзиниот развој, притоа водејќи сметка за заштитните мерки поради коронавирусот..

Таму каде што е можно пописот може да се изврши и на отворен простор, имајќи предвид дека попишувачите се опремени со лаптопи кои имаат интернет врска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...