28.9 C
Ohrid
вторник, јули 23, 2024
ПочетнаМакедонијаАлпинисти и пожарникари од Валандово и Демир Капија спасија куче од водите...

Алпинисти и пожарникари од Валандово и Демир Капија спасија куче од водите на Вардар

Двајца алпинисти, активисти за спасување на животни од неколку града, пожарникари и локалната самоуправа од Валандово денеска беа учесници во несекојдневна акција за спасување на куче заглавено во водите на Вардар во близина на селото Јосифово.

„Од пријателка од Скопје добив дојава дека во Вардар има заглавено куче кое не може да излезе од реката и кога отидов на лице место, во коритото на реката забележав куче, кое делуваше доста изнемоштено. Тоа немоќно стоеше во подножјето на стрмниот речен брег, неспособно да се искачи и да се спаси“, ја почнува приказната Орце Јанев од валандовското село Пирава.

Јанев, кој вели дека со години е активист за спасување на животни, видел дека до локацијата на која било животното било невозможно да се симне без опрема, па се сетил да побара помош на Фејсбук групите за заштита на животните. Статусот со кој тој побара помош за спас на кучето од водите на Вардар, бргу одекна низ социјалните мрежи, па покрена возбудлива акција за спасување на кучето која заврши со среќен крај. За случајот набргу дознаа и од кабинетот на градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, од каде ја повикаа противпожарната единица од тој град, а Орце кусо потоа го исконтактира и алпинистот Ристо Камчев кој живее во Демир Капија.

„Кога дојдовме на местото каде беше заглавено кученцето, видовме дека тоа се наоѓа на тешко пристапен, стрмно исечен брег, висок три- четири метра и дека е потребно да се симнеме со јаже“, раскажува Камчев, кој на местото пристигнал заедно со уште еден алпинист од Шведска по име Кале, кој е еден од странските качувачи кои често доаѓаат да ги качуваат карпите на Демир Капија.

За повеќе детали:Тука

извор Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска стана мајка за прв пат.

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска стана мајка за прв пат. Пред неколку дена, на свет, го донесе својот син Стефан. На социјалните мрежи...

Левица: Тежок криминал во „Кромберг и Шуберт”- Врз грбот на работниците

​​​​Неколку дена во фабриката „Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми. Криминалниот ланец помеѓу управата во најпрофитабилниот...

На 26-07 во петок, свечено отварања на eтно Ресторанот и вила Бате Боле во село Лешани !!

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани во петок на 26 јули во 19:00 часот  се отвора етно ресторан Бате Боле. Побегнете...

Чавков, Јане Ченто и други осудени за 27-ми април излегуваат од затвор на 30 дена

Осуденици за случајот 27 април се повикале на Членот 225 од Законот за извршување на санкциите, чиишто измени беа изгласани кон крајот на месец...