6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКако Кичеец доби притвор додека издржува затвор?!

Како Кичеец доби притвор додека издржува затвор?!

Зоран Милевски-Кичеец од вечерва се наоѓа во истражниот затвор Скопје, откако му беше одреден 30 дневен притвор, за учество во сообраќајка со смртни последици.

Она што предизвика дилеми во јавноста е дали на Кичеец,  иако издржува затворска казна, која во моментот му е во прекин, истовремено може да му биде одреден притвор?

Фокус” разговараше со повеќе правници, па според едни притворот е незаконски, а според други ваквата мерка е можна и оправдана.

Според адвокатот Александар Тортевски, досега имало вакви спорни случаи, посочувајќи го примерот со Јован Вранишковски.

– Мислам дека притворот е незаконски. Ако е на издржување на казна затвор, тој не може ниту да бега, ниту да го повтори делото ниту да влијае на сведоци. Кога има нова постапка, по дифолт се укинуваат сите привилегии на осудено лице. Нема викенди, прекини, работа надвор…, вели Тортевски.

Друг адвокат со кој контактираше “Фокус” пак вели дека околноста што Кичеец бил во отворено одделение и имал прекин на казната, значи дека може да му се изрече или притвор или судијата задолжен за активната казна да го стави во затворен дел да ја издржува казната.

Став побаравме и од обвинител, кој исто така неофицијално посочува дека притворот во ваква ситуација е можен, додека да му продолжи издржувањето на казната.

-Најчесто за вакво дело не се одредува притвор, освен ако не станува збор за странец, но тука влијаело тоа што осомничениот имал прекин на затворската казна, вели нашиот соговорник.

Кичеец на 9 септември требаше да се врати во отвореното оделение во затворот во Струга, по 30 дневниот прекин даден за лекување. Тој оздржува 3-годишна затворска казна за случајот “Рекет”.

Извор:Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...