8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерот Хоџа никогаш не фатил мотика, а тврди дека голема е честа...

Министерот Хоџа никогаш не фатил мотика, а тврди дека голема е честа да бидеш земјоделец?!

Земјоделците не се сами во својата борба за пласман, профит, модернизација, развој и унапредување на проивзводството, истакна министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, вечерва во Битола.

На манифестацијата „Избираме најуспешни во областа на земјоделството“, министерот Хоџа нагласи дека Владата е секогаш тука да креира мерки, да интервенира кога неоди, да помага кога сам не се може.

-Да се биде земјоделец значи да се биде храбар, истраен, вреден, неуморен, посветен и трпелив. Да се биде земјоделец значи чест да ги имаш сите овие особини надградени со љубов кон професијата и грижа за природата. Да се биде земјоделец не е лесно, но сепак вреди. Вреди затоа што производството на храна е најблагородната професија, затоа што храната значи живот. За жал, животот застана минатата година поради Ковид-19, но земјоделското производство воопшто не застана. Природата неможе да чека, земјоделците мораа да ги продолжат своите редовни активности независно од условите предивикани од вонредната состојба. Се соочивме со многу предизвици и ние како институција, но и вие како производители, но сепак се изборивме. Одевеме, чекор по чекор и ги надминавме сите предизвици, посочи министерот Хоџа.

На свеченоста во Битола, министерот потсети дека МЗШВ интервенирале при откуп на грозје и тутун, и дека реализирани се скоро сите мерки од програмата за рурален развој и финансиска поддршка.

-Од мерката рурална жена, 250 жени добија грант, исто така и 265 млади земјоделци добија грант, 540 зејоделци потпишаа договори за набавка на трактор, 25 оризопроизводители потпишаа договори за набавка на комбајн за жнеење на ориз, исплатени се 6,1 милијарди денари за субвенции, објавен е последниот јавен повик од ИПАРД-2, а следната година ќе го објавиме ИПАРД-3, истакна Хоџа.

На манифестацијата „Избираме најуспешни во областа на земјоделството“ награди им беа доделени на менаџерите на национални и локални институции и установи, а признанија добија и најуспешните, земјоделец, овоштар, градинар, лозар, сточар, пчелар, тутунопроизводител, една жена земјоделец и еден млад земјоделец.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...