5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаUncategorized @mkПопишувачите се уште не знаат кои лица се во изолација поради контакт...

Попишувачите се уште не знаат кои лица се во изолација поради контакт или зараза со корона вирус

Пописната електронска апликација по вчерашното крахирање утрината беше рестартирана и се очекува да функционира нормално. И покрај реакциите на граѓани кои требало да бидат попишани но системот не работел, од Државниот завод за статистика смируваат дека проблемите биле надминати а вакви случаи биле очекувани. Велат екипите работеле на брзо изнаоѓање решение.

„Денешното рестартирање е да нема вакви случаи, она што вчера ни се случи, најдено е решение за тој технички проблем. Секогаш кога работите со технологија, се можни вакви случаи, тие беа предвидени и затоа има цела екипа, која што е спремна да интервенира, и еве се отклонуваат проблемите“ – изјави Симовски.

На проблемот со апликацијата, се надоврза уште еден – попишувачите се уште не знаат кои лица се во изолација поради контакт или зараза со корона вирус, па така се доведува во ризик здравјето на попишувачите. Според Заводот, попишувачите навремено ќе добиеле адреси за тие лица, со што, нивното попишување ќе се регулира подоцна.

Во меѓувреме, опозиицската ВМРО-ДПМНЕ повика на масовно попишување на граѓаните, и уште еднаш апелираше да престане бојкотот.

„Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена рече Мицкоски во синоќешното интервју на ТВ 24.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...