9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаАгрон Зенуни од Куманово, полицаецот што ја спаси 19-годишната девојка од самоубиство-...

Агрон Зенуни од Куманово, полицаецот што ја спаси 19-годишната девојка од самоубиство- Да закаснев неколку секунди таа ќе скокнеше.

spot_imgspot_img

Девојката се обидуваше да се отргне од моите раце. Велеше: ‘Пушти ме, сакам да се
убијам.’ Но, совеста не ми дозволи да го сторам тоа. Тоа е повеќе смелост, отколку
страв. Во тој момент бев подготвен да не и дозволам да скокне долу. Ако се фрлеше,
смртта ќе беше сигурна. Таа се обидуваше да се ослободи од моите раце, но Господ
сакаше да ја спасиме“ – изјавил полицаецот Агрон Зенуни кој спаси Македонка од
самоубиство. Својата исповед Зенуни ја дава во интервјуто за ТВ емисија.“ –
пренесува косовскиот весник „Бота сот“ и други медиуми на албански јазик во
Македонија и во регионот. „Полицаец – Албанец спаси млада девојка – Македонка
да не се самоубие со скок од стара зграда во Куманово пред неколку дена и денес
првпат раскажа за деталите од тој настан.“ – објави предходно информативниот
портал „Без цензура“ во својата информација под наслов „Пушти ме, сакам да се
убијам!’ Албанец – полицаец спаси Македонка да не се самоубие“, која ја пренесоа
и други медиуми на албански јазик во Македонија и во регионот. На една фејсбук
објава стои дена настанот се случил на 3.9.2021 година.
„Без цензура“ пишува: „Моментот на спасувањето на една млада девојка од
самоубиство се рашири со молневита брзина. Зад овој херојски чин, што се случи во
Куманово, стои еден Агрон Зенуни од Куманово. Тој за првпат сподели детали за тоа
во интервјуто за емисијата „АБЦ – наутро“.
Весникот дополнува: „Зенуни кажа дека младата девојка се наоѓала на терасата на
една стара зграда со намера да си го оконча својот живот и веќе била во обид да
скокне, но благодарејќи на неговата брза интервенција успеал да ја спаси.“
Бота сот“ ја цитира изјавата на полицаецот Зенуни: „Вршев една своја работа и
тогаш колегите јавија дека една девојка се обидува да изврши самоубиство. Јас се
наоѓав поблиску до местото на настанот и таму пристигнав прв. Во моментот кога
стасав таа веќе започнуваше со намерата да скокне и ја фатив за две до три
секунди пред да скокне. Да не ја фатев, таа ќе паднеше долу. За многу кратко,

време двајца мои колеги дојдоа и со нивна помош успеавме девојката да ја
подигнеме горе.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...