9.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаИмаше и експлозии од боците со кислород во собите, пламените јазици беа...

Имаше и експлозии од боците со кислород во собите, пламените јазици беа огромни, сведочи заменик-командирот на тетовската противпожарна единица

Пламените јазици беа огромни, модуларната болница е се со пластика, се вадеа и жртви. Не може да го знаеме бројот, се уште немаме евиденција да видиме колку се, што се. Има служби што работат на тоа и треба да утврдат од што е и како. Ние не можеме за тоа да даваме информации, изјави Трајчевски.

За речиси половина час, повеќе од 30 пожарникари кои интервенирале со седум возила го изгаснале пожарот што избувна вечерва во Ковид центарот во Тетово.

– Имаше и експлозии од боците со кислород во собите, пламените јазици беа огромни. Од болницата се изнесуваа и жртви, сведочи заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски.

Тој потврди дека во 21 часот и две минути е пријавено дека гори модуларната болница во Клиничката болница во Тетово, а екипите многу брзо пристигнале.

– Екипите за три-четири минути пристигнаа на лице место, со седум возила и над 30 пожарникари учествуваме од двете страни. Се беше во пламен, кога пристигнаа екипите. Тоа е внатрешно, не е надворешно. Се што е од наша страна употребено и во 21 часот и 30 минути пожарот е локализиран, а во 21 часот и 45 минути е комплетно ликвидиран. Пламените јазици беа огромни, модуларната болница е се со пластика, се вадеа и жртви. Не може да го знаеме бројот, се уште немаме евиденција да видиме колку се, што се. Има служби што работат на тоа и треба да утврдат од што е и како. Ние не можеме за тоа да даваме информации, изјави Трајчевски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...

Боки 13: Со Шарената Револуција почна рекетот во Македонија.

Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука...

Ковачевски се надоврза на Ахмети и Мицкоски: Овие избори не се за бисквити и гурабии, туку се клучни за иднината

Кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас, рече...