10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија завиена во црно: Во тетовската ковид болница има жртви, пациенти изгореле...

Македонија завиена во црно: Во тетовската ковид болница има жртви, пациенти изгореле со се кревети (ВИДЕО)

Исклучително сериозен е пожарот кој повеќе од 40 минути беснее во тетовската модуларна ковид болница.

Од МВР велат дека нивни екипи веќе се на терен но не можат да потврдат ниту да демантираат дали и колку жртви има во огнената стихија.

Поради силниот интензитет на пожарот, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово.

Од Министерството за здравство неофицијално потврдуваат дека има жртви но не можат да коментираат околу бројките.

На видео објавено пак на Фејсбук се гледа дека починатите веќе се изнесени надвор од опожарената зграда и се покриени со бели чаршафи.

Очевидци велат дека докторите вложувале максимални напори да ги евакуираат пациентите и со кревети и колички ги извлекувале од запалената зграда. Според последните информации, зградата е целосно изгорена.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...