9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСо боите на македонското знаме ќе бидат осветлени Нијагарините водопади и „Си-ен“...

Со боите на македонското знаме ќе бидат осветлени Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто

spot_imgspot_img

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто вечерва ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме во чест на 30 годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Во одделна церемонија која почнува во 11:30 часот по источноамериканско време, Македонците од Њујорк и Њу Џерси ќе извршат свечено подигање на македонското знаме на два јарбола на Волстрит, на плоштадот пред познатата бронзена фигура на бикот.

За одбележување на овој значен јубилеј на македонската независност, Канадско-македонското историско друштво обезбеди „Си-ен“ кулата во Торонто да биде осветлена во црвено и жолто. Илуминацијата ќе почне на зајдисонце и ќе се одвива во интервал од 30 минути секој час во текот на ноќта до изгрејсонце.

Под покровителство на фамилијата Битов, пак, бордот за илуминација на Нијагарините водопади одлучи водопадите да бидат осветлени со боите на македонското знаме вечерва во времетраење од 15 минути со почеток во 23 часот.

-Најсоодветно е кога Нијагарините водопади, признати како седмо светско чудо, ја признава 30 годишницата од независноста на Македонија. Таа нескротлива моќ, убавината и силата на водиопадите се симбол на напорите на мојот татко Џон Битов-постариот, и останати дејци, кои си земаа за обврска да извојуваат глобално признавање и независност земјата во услови на мир, соопшти Јордан Битов.

Канадскиот бизнисмен со македонско потекло Џон Битов, еден од идејните основачи на „Македонија 2025“, почина во 2015 година, е истакнат потомок на македонски доселеници во Северна Америка кој направи клучни напори во движењето за независноста на Република Македонија при крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те, и издејствува признавање на нашата земја од Канада пишува Сител Тв.
Во Њујорк сити, пак, денеска ќе се оддржи свечена церемонија во чест на јубилејот три децении од независноста на нашата земја со подигање на македонското знаме на јарболите на плоштадот пред статутата на бикот на Волстрит.

На свеченоста на која се очекува да дојдат повеќе гости, говор ќе оддржат претставници на Обединета македонска дијаспора и конзулот на Македонија во Њујорк.

Извор:Сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...