6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДел од пациентите во изгорениот ковид-центар биле со блиските, оти немало доволно...

Дел од пациентите во изгорениот ковид-центар биле со блиските, оти немало доволно медицински кадар.

Дел од пациентите кои лежеле во модуларната тетовска болница која изгоре синоќа речиси до темел имале домашна придружба односно со нив во болницата седеле нивни блиски бидејќи немало доволно медицински кадар, пишува Фокус.

Ова произлегува од сведочењата што ги пренесуваат медиумите, конкретно на млада девојка која успеала да го спаси својот татко. Телма пренесува дека девојката успеала да искрши прозорец, и да го извлече татка си, се вратила по двајцата други пациенти кои лежеле со него во собата, но немале придружба. Едниот од нив не можела да го разбуди, а бидејќи почнала да го голта чадот, морала и таа брзо да се повлече. Луѓето останале да лежат, и изгореле.
Раководителот на ковид – центарот Гзим Нуредини од синоќа откако избувна пожарот не е достапен за медиумите. Претседателот Стево Пендаровски кој е единствениот од државниот врв кој излезе во јавноста рече дека според неговите информации имало граѓани кои помагале во извлекувањето на телата, но за одговори што барале пациентите со придуржба во болницата упати на одговор кај директорот на тетовската болница.

Според него, во моментот кога избувнал пожарот имало 26 пациенти кои лежеле во болницата, четири или пет медицински лица. Сепак 14-те починати се уште не се идентификувани за да се знае дали сите биле пациенти.
Извор Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...