4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаНаправени се четири обдукции на починати во пожарот во Тетово, останатите ќе...

Направени се четири обдукции на починати во пожарот во Тетово, останатите ќе се завршат денес

Телата на 14 починати во вчерашниот пожар во Тетово се предадени во Институтот за судска медицина во Скопје. По наредба на петте обвинители кои се вклучени во истрагата, се прават обдукции врз починатите во пожарот.
Од Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје за МДК.мк велат дека четири обдукции во текот на ноќта веќе се завршени и дека се прават под посебни протоколи, бидејќи се работи за пациенти позитивни на ковид-19. Од таму велат дека во текот на денот ќе бидат завршени сите обдукции, а потоа ќе се чекаат анализите за постапките за утврдување на причината за смртта и изготвување на обдукционите наоди кои треба да се предадат во Обвинителството и да помогнат во истрагата.

По завршување на ДНК анализите ќе се знае и идентитетот на настраданите.

Уште вчера по настанот во Институтот за судска медицина се формирани 5 тимови со по 2 лекари- обдуценти кои комплетно заштитени во скафандери, штитници и друга опрема за заштита од ковид-19, работат комплетни анализи кои треба да утврдат од што настанала смртта, но и ДНК анализа за да го утврдат идентитетот на починатите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...