15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаРоднините сведочат: Кршевме прозорци за да ги спасиме блиските

Роднините сведочат: Кршевме прозорци за да ги спасиме блиските

Се уште трае увидот во модуларната ковид болница во Тетово која синоќа изгоре речиси до темел. Според информациите на Телма, на тројцата скопски обвинители им се придружил и регионалниот виш обвинител од Кичево.

Роднини чекаат пред болницата. Не сакаат да даваат изјави пред камера, но еден млад човек со солзи во очите раскажува за страотните мигови кога се обидувал да ги спаси двајцата родители кои биле во болиницата. Тој успеал да го спаси својот татко, не не и својата мајка.

Уште една млада девојка сведочи како успеала да го спасила својот татко, само затоа што во модуларната болница докторите им рекле дека пациентите може да се со домашна придружба, да им помагаат, бидејќи немале доволно медицински кадар. Девојката успеала да искрши прозорец, и да го извлече татка си, се вратила по двајацата други пациенти кои лежеле со него во собата, но немале придружба. Едниот од нив не можела да го разбуди, а бидејќи почнала да го голта чадот, морала и таа брзо да се повлече. Луѓето останале да лежат, и изгореле.

Тамара Грнчароска е во Тетово и ја следи атмосферата.
Видео: ТУКА Телма Тв

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...