6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласија од Брако: Ние ги градевме модуларните болници, направени се по...

Се огласија од Брако: Ние ги градевме модуларните болници, направени се по сите светски стандарди

Почитувани, Изразуваме најдлабоко соч увство и жал ење за вчерашната трагедија во Тетово.

Нашите мисли и молитви се со семејствата на наст аданите жр тви во вчерашниот по жар.
На повредените им посакуваме брзо оздр авување.

Во врска со вчерашната траг ична нес реќа во модуларната КОВИД болница во Тетово, а поради зголемениот интерес на јавноста, но и како одговор на и одредени шпек улации кои се појавија во дел од јавноста, би сакале да информираме за следното.

Нашата компанија, која работи по највисоките стандарди за квалитет, е испорачувач на модуларни префабрикувани контејнери на споменатата модуларна болница, а во интерес на објект ивно информирање на јавноста, сакаме да потенцираме дека оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет.

Пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои беа наша обврска се тестирани и проверени, за што впрочем е доказ уредниот технички прием на објектот, кој е потоа предаден во употреба, а согласно ригорозните стандарди на Светската Банка како финансиер на проектот, а преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика.
Во оваа прилика сакаме да напоменеме дека забелешките кои се појавиле при техничкиот прием, а кои се споменуваат од дел од медиумите, беа во најголем дел од естетска природа, и никако не можат да се поврзат со неср еќата, а уредно беа отстранети во зададениот рок а пред пуштање на болницата во употреба.

Повикуваме целокупната документација за техничкиот прием да биде објавена од страна на надлежните институции.

Нашата компанија ги повикува сите истражни органи, што побрзо да ги расчистат сите околности околу овој траг ичен настан, и да излезат со детали од истрагата.

Компанијата стои на располагање за стручна помош, информации и соработка со сите надлежни институции, а со цел да се разјасни случајот во најкус можен рок.

На крајот, згроз ени сме од манип улациите со овој случај и апелираме и повикуваме, оваа трагедија и губи токот на чове чки жи воти, да не се користи како средство за дневно поли тички и лични препукувања.
Брако е компанија која работи повеќе од 20 години и е доминантно извозно ориентирана за светксите пазари и извезува во 42 држави, меѓу кои Шведска, Велика Британија, Холандија, Белгија, САД итн. каде исто така се бараат и почитуваат највисоки стандарди.

Најостро ги дема нтираме сите шпеку лации чија единствена цел е оцрнување на нашата компанија, а не откривањето на вистинските причини за траг ичниот настан.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...