6.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Немам донесено одлука за оставка, да ја почекаме прво истрагата..

Филипче: Немам донесено одлука за оставка, да ја почекаме прво истрагата..

Министерот Филипче рече дека не бега од одговорност за вчерашната трагедија и ќе ја почека истрагата. По завршување на истарага ќе донесе одлука дали ќе поднесе оставка. Свесен е дека се бара оставка од него.

– Дозволете да кажам дека од одговорност ниту бегам, ниту ќе бегам. Но, ќе инсистирам и ќе чекам да заврши истрагата поради тоа што и овој период има потреба од менаџирање на дел од кризата, посебно околу пациентите во Тетово, сето тоа што значи процес на завршување на обдукциските наоди и дека апсолутно по завршувањето на истрагата ќе ја донесам оваа одлука за тоа дали ќе поднесам оставка. Навистина е тешко да се опише со зборови тежината и болката којашто ја чувствувам, навистина сочувствувам со членовите на семејствата на сите загинати, меѓутоа ќе ги чекам официјалните наоди на истрагата, рече Филипче, кој додаде дека не бега ниту од одговорноста во однос на наодите на истрагата, ниту пак од моралниот момент. Сепак треба да видиме дали и каде тоа ќе се дефинира како точка на одговорност на кое било ниво во целокупниот овој менаџмент.“ – рече Филипче.

Министерот информираше дека 12 пациенти кои се евакуирани безбедни од ковид-центарот во моментот се хоспитализирани во болницата во Тетово и тие се во стабилна здравствена состојба, немаат последици од пожарот. Нема повредени, ниту починати здравствени работници. На Институтот за судска медицина се предадени телата на 14 пациенти, за дел од нив е завршена обдукцијата, дел се одвива во текот на целиот ден. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Освен класичните обдукциски наоди, ќе се прават и анализи на ДНК за што се информирани и членовите на семејствата на пациентите, извести министерот за здравство.

Тој посочи дека целокупната документација за набавка и поставување на модуларните болници, вклучително и таа во Тетово, покажува дека при реализација на ваквите проекти, кои се поддржани од Светска банка, се запазени строгите стандарди и постапки.

– Истрагата исто така треба да утврди дали и на кој начин по предавање на објектот во употреба во тетовската болница, истиот бил одржуван и раководен, рече Филипче, додавајќи дека Министерството активно ќе соработува со истражните органи и апелираше тоа да го направат и сите други институции, со цел точно да се утврди што се случило.

– Што се однесува до самите болници нивниот квалитет нашиот интерен увид покажа дека сите вградени материјали имаат сертификат, АТЕСТ за електрична, водоводна и канализациска инсталација. За појаснување, тоа значи дека сè што е вградено од материјалите е со сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со атестирање. Сето тоа е под надзор на акредитирана компанија што контролира дали се обезбедени сите сертификати за буквално секој материјал што се вградува во модуларната болница, рече Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...