7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВендим Усеиновски-Овците ми се како дуќан на отворено, без нив не можам...

Вендим Усеиновски-Овците ми се како дуќан на отворено, без нив не можам да живеам.

spot_imgspot_img

Државата мора да го помогне овчарството, зашто ситуација е тешка за сите нас, вели нашиот сточар.

Нема потешка работа од сточарството, на ова време некој да чува стока е повеќе од предизвик. Прашајте било кој, дали сака да чува овци и одговорот го имате, вака Вендим Усеиновски сточар од селото Драгош ја опишува тешката состојба во македонското сточарство. Семејството Усеиновски од селото Кишава пред неколку години се пресели во соседното село Драгош во потрга по подобри услови за одгледување на стоката. Но, сепак водата е проблем со кои се соочува овој крај. Драгош е иселено село, во него постојано живеат само три семејства, едно од нив е на Усеиновски.

Во сточарството нема еден проблем, ама има многу проблеми. Никој не ти чува овци без услови за тоа. Ние немаме вода, а без вода кај да одиме. Драгошка река пресушува. Ридот нема вода бараме чаре во општина, во јавното претпријатие за пасишта, решение нема. Стоката ни е жедна. Ако дојде некој на мојот имот со чудење ќе праша, како успевам да ја чувам оваа стока. Кравите ги тераме покрај река, ама за овците ми е многу жал што нема вода. Има денови кога нема ни капка вода. Ја собираме вода од денес до утре за да може барем малку да се напојат, се пожали Усеиновски.

Покрај водата и сточната храна стана луксуз за сточарите.

-И за храна сме во зорт. Има свои над 20 погони, посадени со пченка и луцерка, ливади повеќе од 12 погони, ама за храна сме кусок. Имаме многу стока и нема помош од никаде, а гледам во Дебар си помагаат. Моментално имама 3.000 балиња слама, ама ова е стока јаде и се троши.

Усеиновски не предава млеко на млекарниците, стоката исклучиво ја чува за приплод и за продажба.

-Овците и кравите ги чувам исклучиво за месо. Порано од млекото правев сирење но сега се откажав и од тоа, вели нашиот сточар.

Според него поисплатливо е стоката да се чува за месо отколку за млеко. Цената на телињата се движи од 140-150 денари за килограм, додека за јагнето од 180-190 денари.
Порано од млекото стануваше некој денар, ама сега не се исплаќа да предаваш млеко во млекарници. Цената на литар сурово млеко е ниска и сточарите се задолжени до гуша. Затоа велам поисплатливо е да се чува стоката за месо. Можеби не земам пари секој месец, ама кога ќе земам тоа е рамно на нивните пари за две до три години што ги зеле од млекото, пресметува Ведим.

Ако субвенциите од државата се навреме, сточарите ќе опстоиме и во овие тешки услови. Друго што треба да направи државата е да ни помогне со донирање на овци, со тоа што и ние ќе имаме обврска да ги оплодиме и да и вратиме на државата во рок од 5 години. Јас за тие 5 години ќе направам стадо од неколку илјади овци. Само така може да се врати сточарството на вистинскиот пат. А вака како што тргнала работата нема остане овца ни за лек, вели Усеиновски, напоменувајќи дека чувањето на овци за еден сточар е како што е дуќанот на еден занаетчија.

-Без овци не можам да живеам. Тие ми се како дуќан. Дуќан за сиромашниот народ. Секој што чувал овци тоа го знае. Јагнето кога ќе се роди е благодет, дали ќе го продадеш или ќе го јадеш дома со фамилијата е сеедно, значи нема да те остави гладен, напоменува Усеиновски.
За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...