8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаНајавено ново поскапување на зејтинот. (Видео)

Најавено ново поскапување на зејтинот. (Видео)

Цените на сончогледот на светските берзи урнебесно растат и веќе не е можно да се издржи ни со сегашната продажна цена во Македонија, вели за „Слободен печат“, Румен Смилевски, претседател на Одборот на директори во велешката фабрика „Благој Ѓорев“.

„Благој Ѓорев“ е единствената фабрика кај нас која произведува масло за јадење од сончоглед, за разлика од другите кои купуваат нерафинирано масло па го доработуваат. Ако порано го плаќавме сончогледот по цена од 280 евра за тон сега тој достигна 450 евра за тон. Урнебесно! А, според берзите уште и ќе расте цената. Ние со вакви цени не можеме да го задржиме сегашното ниво. Сега имавме состанок и веќе разговараме за зголемување на цената – вели Смилевски.Тој вели и дека не може да разбере зошто домашните земјоделци не се ориентираат на производство на сончоглед, кога „Благој Ѓорев“ нуди сигурен пласман и добри цени.

Според Смилевски, во последниве години најмногу се стигнало до 10.000 тони откуп, но во некои поранешни времиња, кога на нивите масовно можел да се забележи сончогледот, се откупувале и над 40.000 тони.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...