8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаЗабаваНад 70 жени се „омажија“ за локални дрвја за да ги спасат...

Над 70 жени се „омажија“ за локални дрвја за да ги спасат од сеча

Еко-активистките ја организирале церемонијата поради новото решение на градскиот совет со кое се најавени згради за чија изградба треба да се исечат над 70 дрвја во Бристол, пренесува „Euronews“.

Секоја невеста носела традиционална венчаница од различна држава. Иако браковите не се легални, жените сметаат дека со овој чин се слуша нивниот глас за зачувување на локалната природа, пишува Радио Моф.

„Да се омажиш за дрво е апсолутна привилегија. Тоа не е само сентиментален гест, туку тоа е важен симболичен чин. Дрвјата се чист пример за неусловна љубов“, изјавила Сузан Хакет, невеста и жителка на Бристол.

Во 2020 година, Велика Британија изгубила 4.150 хектари природна шума, најчесто во борбата со урбанизацијата.

Идејата за ваков тип на протест произлегла откако Градскиот совет на Бристол испратил соопштение до локалците за нивно иселување од реонот „Baltic Wharf Caravan Site“.

Според планот на градскиот совет, на земјиштето треба да се изградат стамбени згради во вредност од 470 милиони евра. За планот да се оствари треба да се исечат голем број од дрвјата на земјиштето, иако планот не го кажува точниот број. Она што ги загрижува активистите е недостатокот на транспарентност.

„На Бристол му се потребни дрвја, а не луксузни стамбени згради“, додала Сузан.

Професорот Џон Тарлтон, кој предава на Ветеринарниот факултет во Бристол, изјавил дека стравува дека барањето на градскиот совет наскоро ќе се официјализира. Тој на активистичката „свадба“ бил еден од кумовите, кои ги напишал „заветите“ на дрвјата.

„Откако решението за градење ќе се официјализира, се’ ќе биде предоцна. Никој нема да ја смени одлуката. Дрвјата ќе се исечат, а ние нема да може да направиме ништо. Не можеме да си дозволиме да изгубиме 74 дрвја. Тоа е голема бројка за стари дрвја, кои му се најпотребни на Бристол“, изјавил професорот Тарлтон.

Инспирацијата за „свадбата“ е извлечена од богатата историја за заштита на природната средина.

Во 1970 година, индиското движење „Чипко“ стана глобално познато кога група на жени ги прегрнуваа дрвјата за да ги заштитат шумите од сеча.

Во 2018 година, група на жени во Мексико, одржа масовна свадбена церемонија за да ја подигне свеста на јавноста за нелегалната сеча во локалните шуми.

Извор: Радио Моф

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...