11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСведошство за трагедијата во Тетово

Сведошство за трагедијата во Тетово

„Прво се запали соба број три, противпожарни апарати немаше, а обидите за гаснење беа со вода во пластични садови“

Ова во сведоштво за „Дојче веле“ го раскажува Ибин Емшиу од Италија , кој во несреќата ги загубил својот брат и татко си, кои дошле на годишен одмор во земјава, но по заразата завршиле во болница. Тој тврди дека сите пациенти во монтажните соби имале свој близок, па во болницата имало околу 50 луѓе.

Противпожарниот систем не мора да биде како во Европа, за да се активира сам сензорот со вода, но барем да имаше апарат со прашина за да го изгаснеме пожарот. Таму немаше ништо. Се обидувавме да го гасиме пожарот со пластични садови.

„Претходно седевме таму, спиевме таму, значи бевме околу 50 луѓе заедно со пациентите.

Сите пациенти имаа придружници од нивните семејства кои ги чуваа деноноќно“.

Ибин вели дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа. Раскажува и дека два дена на роднините им било кажано дека болницата ќе се затвори, а по пожарот добивал закани по живот за да не кажува што видел со свои очи.

„Барав помош за нега на брат ми затоа што беше неподвижен. Од болницата ми кажаа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне да му ги менувам пелените, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно. “

Три лица досега ми се заканија. Да не давам изјави, да внимавам затоа што ќе ме убијат. Би им кажал дека сум тука и дека не бегам никаде. Ако има такви луѓе без морал што можат да убијат невин човек кој го однел својот татко во болница за да се излекува, а го земал изгорен поради нивна грешка, тука сум.

По ова сведоштво, реагираше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски… на социјалните мрежи вели дека „вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа“.

Во однос на заканите од СВР Тетово за Канал 5 потврдуваат дека нема пријава за ваквите закани, по објавата во медиумите полициски службеници се испратени да земат податоци, а по анализите ќе постапуваат по случајот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...