9.4 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаКондовски дел од доделувањето на меѓународната награда “40 највлијателни и најуспешни бизнис...

Кондовски дел од доделувањето на меѓународната награда “40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години” за Југоисточна Европа за 2020/2021 година

spot_imgspot_img

Чест ми е и големо задоволство вечерва да бидам дел од доделувањето на меѓународната награда “40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години” (”Business elite’s 40 under 40) за Југоисточна Европа за 2020/2021 година.
Годинава поради професионалните обврски, на гала церемонијата во Истанбул присуствував виртуелно преку апликацијата Зум.
Но, да бидам дел од настаните кои ја обединуваат ова млада лидерска бизнис елита ме обврзува и статусот на добитник на истата оваа престижна награда во 2019 година, кога во срцето на Амстердам во историската Huis Bartolotti ми беше врачена статуетката на 40-те најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери под 40 години од 10 земји од Југоисточна Европа.
Наградите не се само привилегија. Тие се и обврска за нов придонес во правец на напредок и развој на регионот во кој делуваме!
Убеден сум дека заедно можеме да постигнеме уште поголеми успеси на сите полиња, а особено во бизнисот и економијата!

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...