8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМлади Македонци и Грци заеднички ги уриваат бариерите

Млади Македонци и Грци заеднички ги уриваат бариерите

Настанот „Градење Европа дома“, кој се случи во Лерин (Флорина), Грција, спои млади од македонската општина Карпош и грчката општина Аминтио за да се поврзат и заеднички да побараат решенија на проблемите пишува Радио Слободна Европа.

Младите од општина Карпош со оние од грчката општина Аминтио во Лерин (Флорина), Грција, седнаа на иста маса, на грчка територија, за да се здружат и да сфатат дека сакаат слични работи и имаат слични проблеми. Настанот „Градење Европа дома“, кој се случи изминатиов петок, ја истакна потребата од поврзување на младите за да се поттикне соработката меѓу граѓаните и релевантните чинители од двете општини.

„Земајќи предвид дека младите луѓе ја перцепираат локалната власт како најблиска до нив, дојдовме до идеја за поврзување и соработка помеѓу општина Карпош и општина Аминтио која ќе обезбеди можности за дијалог помеѓу општините за потенцијалот на билатералната соработка за културен и економски развој на двете општини. Општините треба да инвестираат во креирање иновативни решенија за соработка со нивните граѓани“, изјави за РСЕ, Анелија Митрова, проектен координатор во Младински Сојуз – Крушево.
За повеќе детали кликнете ТУКА
Извор и фото: Радио Слободна Европа

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...