13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаУште една голема трагедија во Македонија: На само 28 години почина манекенот...

Уште една голема трагедија во Македонија: На само 28 години почина манекенот Филип Алексовски

Македонсkата модна сцена во тага деновиве поради смртта на манеkенот Филип Алексовски, член на модната агенција Модел Ин во чии рамки градеше долгогодишна успешна кариера.

– Веста за неговата смрт нè натажи сите, во негова чест да се потсетиме на кариерата на овој манекен со маркантен и специфичен изглед, објави порталот stylist.mk

Роден е на 1 оkтомври 1993 година во Скопје, а со манекенкство почнал да се занимава во 2008 година кога се појавил на кастинг во модната агенција Моделс Ин.

-Потоа ги посетуваше нашите курсеви во 2010 година и од тогаш активно работеше како модел кај нас и во Белград. Беше на првата роденденска реклама за Скопје Сити Мол, два пати беше заштитно лице на модниот бренд Румор, се појави во кампањи за Bistisani, Sheezick na Reezick, Nike, реклами за Apple Bandit и Pepsi, фотосесии за Fashionel.mk, модни ревии за Кокев, Made in Macedonia, FSWK, Ристо Бимбиловски, Јован Петровски… Последната ревија му беше во јуни на настан на Британската амбасада, кога носеше модел на реномираниот дизајнер Никола Ефтимов. Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност, Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел модната приказна на Моделс Ин повеќе од 10 години – изјави Алек Наумовски од Моделс Ин.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...