9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев не чувствува одговорност, Мицкоски бара затворски казни за пожарот во Тетово

Заев не чувствува одговорност, Мицкоски бара затворски казни за пожарот во Тетово

spot_imgspot_img

Премиерот Зоран Заев не сака да слушне за оставка, а за се погласните барања за ова во јавноста почна да демонстрира и нервоза и лутина. Запрашан дали барем размислил за оставка од морални причини, поради трагедијата во Тетово, тој одговори но со повисок тон.

На прашањето дали размислил за оставка од морални причини поради трагедијата, Заев одговори: За што Мицкоски да дојде премиер да биде? Не размислувам, затоа што ќе бидат премиер или заменик премиер претседателот на Алијанса, кога ќе заслужат, кога ќе имаат емпатија со народот, кога ќе бидат тука да помогнат, кога ќе дадат идеи, а не вака грозотијата да ја користат на навистина на најперфиден, најлош начин.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за ваквата изјава на Заев вели дека била доказ дека тој не чувствува никаква одговорност, потенцирајќи дека ваквата изјава предизвикала гадење кај него.

Тој човек не чувствува ни малку морална одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој замине, Мицкоски ќе бил премиер. Тогаш навистина освен она благо чувство на гадење кое што во овој момент го имам друго немам ништо да кажам – изјави Мицкоски.

Но не само за Заев, јавноста очекува одговорност и од министерот за здравство Филипче. Тој првично кажа дека нема тоа да го направи, за потоа да се предомисли по жестоките реакции во јавноста и да понуди оставка. Но премиерот само го констатирал барањето а за одлуката се уште тактизира.

Извор: Алфа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...