9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаКолку се богати кандидатите за градоналчалник на Општина Штип?

Колку се богати кандидатите за градоналчалник на Општина Штип?

spot_imgspot_img

Штип за еден месец на претстојните локални избори ќе добие татко на градот од веќе кандидираните од СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, коалицијата ДОМ – ЛДП или Интегра. Ветувањата на сите се богати со проекти и активности за подобар град. Но на прашањето колку се богати самите кандидати за градоначалници одговор побаравме во Државната комисија за спречување корупција.
Актуелниот градоначалник од СДСМ, Сашко Николов, има пријавено три недвижни имота од кои два стана во Штип и Скопје, личен имот, и една куќа за одмор во Берово, која е имот на брачен другар. Куќата за одмор е со вредност од 10.000.000 денари, едниот стан – 2.091.000, а другиот – 4.300.000.

Што значи дека Николов поседува недвижен имот во вредност од 16.391.000 денари. Николови поседуваат две моторни возила, едното во вредност од 1.000.000 денари – имот на брачен другар, а другото во вредност од 1.845.000 – личен имот на Николов. Тој има пријавено и кредит во вредност од 430.000 денари. Целиот имот е во вредност од 19.236.000 денари и е стекнат со договор за купопродажба, со исклучок на станот во Скопје, кој е стекнат со наследство.

Актуелниот пратеник во Собранието, Иван Јорданов, има пријавено за недвижен имот две куќи во Штип, имот на родителите. Двете се во вредност од по 1.800.000 денари. Куќите се стекнати со договор за купопродажба. Од подвижен имот, пак, едно моторно возило е во негова лична сопственост и е во вредност од 250.000, а друго имот на родителите и нема информации за неговата вредност.
Стекнати се се со договор за купопродажба. Јорданов има и кредит од 900.000 денари, а поседува пчелни семејства во вредност од 100.000 денари, кои се стекнати на друг начин. Имотот за кој има информации во антикорупциска е со вкупна вредност од 3.950.000.
Кандидатот од коалицијата ДОМ – ЛДП, Ванчо Санев, за недвижен имот има пријавено 5 куќи во Штип, сите личен имот, во вредност од 14.100.000 денари. Две стекнати со договор за купопродажба, две со договор за подарок и една со договор за градба. Санев поседува и едно моторно возило во вредност од 90.000 денари стекнато со договор за купопродажба. Од долгови има два кредита во вредност од 274.537 денари, едниот личен, другиот на брачен другар и една кредитна картичка во вредност од 56.896 денари. Што е вкупно 331.433 денари долгови. Санев има и два банкарски депозита, едниот стекнат со договор за подарок во вредност од 2.989 долари и еден од 324 денари стекнат на друг начин. Вкупниот имот на Санев во 14.190.324 денари и 2.989 долари.
За кандидатот од политичката партија Интерга не пронајдовме информации за имотната состојба, бидејќи тој досега немал јавна функција.

Колку богат градоначалник ќе добие Штип останува да видиме на локалните избори на 17 октомври.
За повеќе детали и Видео клик ТУКА
Извор:Mnet.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...