5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНародниот правобранител: Децата не сакаат во школо, не можат да издржат цел...

Народниот правобранител: Децата не сакаат во школо, не можат да издржат цел ден со маска, протоколите за настава тешко се реализираат

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Децата не сакаат во школо, не можат да издржат цел ден со маска, протоколите за настава тешко се реализираат.

Едно е на хартија, друго е во практика, изјави заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа за Утрински Брифинг.

Како главни поплаки што ги добиваат ги издвои долготрајното носење маски, одржувањето хигиена и неможноста да се контролираат децата да внимаваат на протоколите.

Учениците, како што додава, се деконцентрирани бидејќи часовите траат предолго за да можат за сето време да ги носат маските.

– Тоа предизвикува деконцентрација, а кај помалите ученици родителите имаат проблем да ги натераат да одат на училиште и да следат настава под вакви услови. Оттука, нашата препорака до МОН е да се скратат часовите, како и да им се дозволи на директорите самите да ги организираат часовите онака како што налагаат нивните можности, посочи Бајрамовска-Мистафа.
– Според наши сознанија, ретко каде во малите места се почитуваат протоколите, рече Бајрамовска-Мустафа, додавајќи дека МОН би требало сериозно да ги сфати препораките од Народниот правобранител бидејќи се произлезени од увид на терен и разговори со засегнатите страни.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...