13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаUncategorized @mkАД Бутел: Ние ги почитуваме одлуките и не наплатуваме ништо дополнително

АД Бутел: Ние ги почитуваме одлуките и не наплатуваме ништо дополнително

Зголемениот број погреби, најмногу поради пандемијата од ковид-19, не значи зголемен профит за АД Бутел, затоа што претпријатието не ги зголеми услугите за погребение, рече денеска во „Утрински брифинг“ Анета Стефановска, раководител во служба во АД Бутел.

Ние работиме врз основа на цени кои се утврдени со одлука на Управниот одбор за која Градот има дадено согласност. Ние ги почитуваме одлуките и не наплатуваме ништо дополнително. Свесни сме дека граѓаните се понекогаш револтирани поради недоволното одржување хигиена, но се трудиме да ги елиминираме причините за поплаки. Имаме оставено и контакт телефон на кој странката може да се јави и заедно да го лоцираме и да го решиме проблемот. Гробиштата се распространети на многу голема површина и тоа претставува понекогаш потешкотија да се сработи, вели Стефановска.

Одржувањето на гробишата чини 320 денари и е на годишно ниво. За површина од 830 000 метри квадратни за одржување, ангажирани се околу 35 луѓе, а за време на големите верски празници се ангажираат и дополнителен број на луѓе, велат од претпријатието.

Сквернавењето на гробните места и уништувањето на надгробните плочи е значително намалено во изминативе години, што верувам дека се должи на видеонадзорот кој го поставивме, но доколку се случи такво нешто се трудиме да ја отстраниме штетата и да ги вратиме спомениците во првобитната состојба, додава Стефановска.

Интервјуто погледнете го тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...