6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаА можеби и не е Рашкоски?!- Русковска барала вештачење на телефонот со...

А можеби и не е Рашкоски?!- Русковска барала вештачење на телефонот со кој е сликан Рашковски, но фотографот не се појавил !!!

Судот нас нема да ни поверува само на збор, дека тој е забележан по времето за кој му е одобрен излезот, вели обвинителката..
Обвинителката Вилма Русковска посочи дека побарала лицето кое го снимило Драги Рашковски како се движи по улица изминативе денови, да дојде во Обвинителството за на неговиот телефон да се изврши вештачење. Целта на ова е да се докаже дека Рашковски не го испочитувал дозволеното време за движење и ја прекршил дозволата од судот.

Јас се јавив на лицето кое го поседува порталот и побарав лицето кое го снимало да дојде во обвинителството, за да се изврши форензичко вештачење на телефонот. Судот нас нема да ни поверува само на збор, дека тој е забележан по времето за кој му е одобрен излезот. Нели, напуштање на домот.. Но, не дојдоа, не се појавија – рече Русковска.
Фотографијата на која се гледа како ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, шета низ Аеродром, е автентична. Ова може да се заклучи по одговорот на МВР во кој велат дека на Рашковски му е дозволено да излегува од дома иако е во домашен притвор, поради здравствени потреби. Од полицијата велат дека судија од Кривичен суд му го дозволил ова право.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...