13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДвегодишно дете почина во Клиничкиот центар, од МЗ велат дека било позитивно...

Двегодишно дете почина во Клиничкиот центар, од МЗ велат дека било позитивно на ковид, но имало и други болести !!

Двегодишно дете почина во Клиничкиот центар, од МЗ велат дека имало повеќе болести и било позитивно на ковид-19
360степени | 17 септември, 2021 18:07

Пред пет дена, 15 минути пред полноќ, детето било донесено на Клиниката за детска хирургија изгладнето и дехидрирано, соопштија од Министерството за здравство
Пред пет дена, 15 минути пред полноќ, детето било донесено на Клиниката за детска хирургија изгладнето и дехидрирано.

Двегодишно дете со, како што се наведува во известување од Министерството за здравство, долга историја на болести починало на Универзитетската клиника за детска хирургија, и покрај напорите на лекарите да го спасат.

„Универзитетската клиника за детска хирургија до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави случај на двегодишно дете со долга историја на болести, кое од ,страна на згрижувачко семејство, во тешка состојба било донесено на клиниката, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало“,

соопшти Министерството за здравство.
Детето, какошто се наведува, имало неколку тешки заболувања. Пред една година му биле направени повеќе хирушки интервенции, имало тумор на мозок, хидроцефулус и вродена непроодност на цревата. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето.

Пред пет дена, 15 минути пред полноќ, детето било донесено на Клиниката за детска хирургија изгладнето и дехидрирано. Од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба на детето. Немало температура, но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување. Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала. Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен, информираат од Министерството.

Посочуваат дека дека починатото двегодишно дете ќе биде заведено во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.
360 степени

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...