8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСимовски: До утре очекуваме да бидат попишани 1.000.000 милион граѓани

Симовски: До утре очекуваме да бидат попишани 1.000.000 милион граѓани

Бројот на оние што одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење и се попишуваат. Оние што повикуваат на бојкот, главно преку социјалните мрежи, не ѝ мислат добро на државата, вели првиот човек на Државниот завод за статистика
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека процесот на попишување се одвива со посакуваниот интензитет и без проблеми. Тој очекува до утре да бидат попишани еден милион граѓани.

„До вчера се попишани точно 800 008 граѓани, а до утре очекуваме бројка од еден милион попишани граѓани. Бројот на оние што одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење и се попишуваат. Оние што повикуваат на бојкот, главно преку социјалните мрежи, не ѝ мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операција“,

рече Симовски одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета во Дебар.
Заедно со соработниците тој имаше средба со пописната комисија, како и со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

„Целта на нашата посета беше одблизу да се запознаеме со текот на пописните активности во пописниот реон 24, кој ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа. Можам да кажам дека овдека пописот се одвива според планираната динамика. На ова подрачје досега не е регистриран случај на одвивање некој да биде попишан“,

рече Симовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата?!

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...