10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаUncategorized @mkДУИ треба да одговара за загинатите мајки,татковци и млади луѓе во модуларната...

ДУИ треба да одговара за загинатите мајки,татковци и млади луѓе во модуларната болница – соопштение на Алијанса и Алтернатива

Престанете да изигравате жртва. Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива отсекогаш ги почитува и вреднува достоинтсвото и важната улога на жената Албанка. Од друга страна, јавноста добро знае кој ги обезвреднува и навредува албанските мајки и жени.  Корупцијата и криминалот не можете да ги скриете со родовата еднаквост и неоснованата улога на жртва.  Вие треба да одговарате за загинатите мајки, татковци и млади луѓе во модуларната болница во Тетово, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива на вчерашното соопштение на ДУИ.

„Протестот и искажаниот револт не е организиран од страна на албанската опозиција. Присуството на наши членови и симпатизери е чин на граѓанска свест и одговорност и нивното присуство е како и на останатите граѓани на Тетово. Ние не сме ДУИ да фрламе со камења и да криеме рака. Таквиот чин не е наша политичка карактеристика. Протестите организирани од наша страна отсекогаш биле транспарентни за јавноста, и такви ќе останат и во иднина.

 

Во меѓувреме имаме информации дека дел од демонстрантите се повикани на разговор во полициска станица. Ги повикуваме органите за јавен ред и мир, и овој хибриден режим, да престанат со уцените и притисокот врз граѓаните. Причините за вчерашните инциденти во Тетово да ги бараат во нивното политичко делување, начинот на досегашното владеење, честите трагедии и присилниот пристап кон искажување протест и револт на граѓаните“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...