11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа протестот во Тетово приведен Блерим Адеми

За протестот во Тетово приведен Блерим Адеми

Уапсен е Блерим Ахмеди, кој се сомничи дека е организаторот на протестите кои се случија вчера попладнето во Тетово. Адвокатот Кенан Рамани укажува дека Ахмеди е осомничен за кривично дело казниво со казна затвор од 1 до 3 години. Ахмеди и е познат на јавноста како организатор на протестите во февруари годинава за затворските казни во случајот Монструм во Скопје кои завршија со инциденти. Инаку вчера во Тетово демонстрант се обиде да нападне полицајци со бекатон-плочка, на протестот на кој се бараше правда за загинатите во пожарот во модуларната болница. Во инцидентот има 4 повредени полицајци, но има и приведени. Меѓу нив е и Ахмеди кои доцна синоќа беше однесен во полиција.

Во февруари годинава Ахмеди објави на својот фејсбук профил дека му е изречена казна во висина од 510 евра.

Тој во својата реакција, во која го објави и налогот за казната, напиша дека од државата „како граѓанин на оваа земја никогаш не добил ниту еден цент“.

По излегувањето од полициската станица тој рече дека станува збор за казна како организатор поради неносење на маски и неодржување на дистанца за време на протестот, но и дека му било кажано дека може и да биде уапсен доколку повторно организира таков протест.

Неколку часа пред пријавувањето во полициската станица Ахмеди напиша: „Притисоците продолжуваат, но ние нема да застанеме и секогаш ќе бараме да има правда во земјата”.

Блерим Ахмеди е лицето кое во МВР пријави дека на 29 јануари ќе се одржи мирен протест пред зградата на Јавното обвинителство како израз на незадоволство од завршницата на судскиот процес „Монструм“.

Протестот подоцна кулминираше со инциденти, во кои беа скршени прозорци на зградата на Министерството за надворешни работи, во чија близина практично се одржа протестот, бидејќи полициските сили не дозволија доближување до Обвинителството. Штета беше направена и врз нововселената зграда на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, како и врз четири полициски возила. Превртени беа и повеќе контејнери за отпадоци.

Вчера портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, соопшти дека четворица полициски службеници се полесно повредени во денешниот протест, а од слобода се лишени две лица, и тоа 52 годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево. Полицијата во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот, по што против инволвираните во настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Граѓаните на Тетово протестираа поради пожарот во модуларната болница и се упатија во седиштето на ДУИ во Мала Речица, при што се степаа со полицијата која го обезбедуваше објектот. Претходно со јајца ја гаѓаа зградата на Општина Тетово.
Faktor

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата?!

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...