10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗошто да се чекаат резултати од истрагата кога се работи за оставка...

Зошто да се чекаат резултати од истрагата кога се работи за оставка од морални причини?!

Премиерот Заев купува време, министерот Филипче го чека да одлучи дали ќе ја прифати понудената оставка која министерот ја објави по трагедијата во модуларната болница во Тетово.
Како најново, инфектологот Фадил Цана од Инфективната клиника реагираше, дека да бил на местото на Филипче, би дал неотповиклива оставка.

„Јас да бев министер за здарсвтво и да имашее ваков случај како оној со Тетово каде изгоре модуларната болница ќе постапев професиолано и ќе поднесев оставка. Но, кај нас одат наопаку работите, ако некој има чувство на одговорност би дал неотповиклива оставка. Сите кои се дел од синџирот на управување треба да поднесат или оставки или да бидат разрешени“ – изјави во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа, др. Фадил Цана.

Дека нудењето оставка и чекањето премиерот да пресече не е доволно претходно коментираше и шефот на државава. Стево Пендаровски не би чекал ни секунда и веднаш би поднел оставка од морални причини.

Осум дена, јавноста чека одговор од премиерот Заев, дали ќе ја прифати оставката на Венко Филипче, а тој постојано се правда – ќе чекал истрагата да покажела дали има потреба министерот за здравство да ја напушти функцијата. Сепак, е нејасно, зошто да се чека истрага, кога станува збор за оставка од морални причини а не поради кривична одговорност. Притисок кон Заев, дека треба да реагира стигна и од неговиот колационен партнер ДУИ. Потпретседалот на партијата Изет Меџити и порача на јавноста: „Да бев на местото на Заев, веднаш ќе ја прифатев оставката“.

Министерот Филипче, по понудената оставка вчера за прв пат се појави во јавност – но наместо да каже дали ја напушта функцијата, само информираше за епидемиолошката состојба и придонесот на модуларните болници – тој не бегал од одговорност, ама ќе го чекал премиерот.
Како се нижат острите реакции во јавноста, така ставот на премиерот Заев се повеќе се зацврстува и не размислува за оставки и одговорност за трагедијата во Тетово.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...