10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВладиката Петар пристигна во општина Новаци!

Владиката Петар пристигна во општина Новаци!

НОВАЦИ ЈА ПРАЗНУВА МАЛА БОГОРОДИЦА

Во бисерот на Пелагонија, манастирот “Рождество на Пресвета Богородица” во Новаци со вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар започна празнувањето на големиот празник Мала Богородица .

Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со манастирскиот одбор присуствуваше на чинот на пристигнување на владиката Г.Петар во манастирот и вечерната богослужба.

Манастирот “Рождество на Пресвета Богородица” во Новаци веќе децении наназад ја негува традицијата на одбележување на овој голем ден и празник не само за граѓаните од Новаци, туку и пошироко во регионот.

По повод празникот, градоначалникот Кузманоски упати честитка до сите верници со желба за добро здравје, среќа, благосостојба и негување на позитивните вредности.

“Огромна е културната улога на овој храм за развој на нашата општина .Повеќе децении во храмот Рождество на Пресвета Богородица токму во Новаци, многумина го наоѓаат својот духовен мир . Овој храм претставува скапоцен бисер и културен белег на нашиот народ.Традицијата на славење на овој голем празник и сите негови белези, нека и годинава бидат во духот на подадената рака, разбирањето и љубовта меѓу луѓето.Сите заедно, сплотени, со верба во Господ и чиста мисла да го прославиме овој голем христијански празник .Нека ни е за многу години Мала Богородица “-истакна градоначалникот Кузманоски

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...