9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев од дуелот: Реков дека е банално прашањето за други способни во...

Заев од дуелот: Реков дека е банално прашањето за други способни во СДСМ, а не за прашањата за пожарот

spot_imgspot_img

„Народот препознава дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува трагедијата во Тетово за политички цели. Никогаш не реков дека е банално да одговараме на прашањата за трагедијата. Банално е да се прашува дали има некој што може да го замени Заев во СДСМ. За трагедијата ќе одговараме и зборуваме колку што е потребно“ кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5.

Само вам ви личи да имате толку голема желба за власт што се обидувате политички да профитирате од се. Вие сте станале истражител, ги коментирате сите детали, од ракав тропате работи кои се далеку од секоја можна вистина“ му се обрати Заев на Мицкоски.

Премиерот додаде дека е проѕирно злоупотребувањето на оваа трагедија од страна на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека граѓаните го гледаат и препознаваат тоа.

„Сеете лаги, манипулирате, поттикнувате антиваксери, неодговорно ја замајувате јавноста, додека Владата се труди да ги заштити животите на граѓаните, да мотивира вакцинација и да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено го сочувуваат здравјето на граѓаните“ рече Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...