13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаКирјаков за пописот во Бугарија „Не плашете се! Попишете се и вие...

Кирјаков за пописот во Бугарија „Не плашете се! Попишете се и вие по националност какви што сте – Македонец

Македонскиот активист од Бугарија, Атанас Кирјаков-Војводата, упати повик до Македонците во Пиринска Македонија да бидат горди на својата македонска националност и да се изјаснат како Македонци на пописот што е во тек кај источниот сосед.

„Македонци и Македонки од Пиринска Македонија, бидете горди на својата македонска националност и на својата македонска историја и македонска култура! Тие исто така беа како вас по националност“, вели Кирјаков во објавата на Фејсбук поткрепена со фотографии на Димитар Благоев, Никола Вапцаров, Баба Ванѓа и Јане Сандански.

„Не плашете се! Попишете се и вие по националност какви што сте – Македонец/Македонка“, додава еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“ и кандидат за градоначалник на Благоевград на минатогодишните локални избори во Бугарија.

Со оглед на тоа дека во пописните формулари има графи само за Бугари, Турци и Роми, Кирјаков им сугерира на сонародниците во Бугарија да се изјаснат како Македонци во графата „други“.

Пописот во Бугарија се спроведува од 7 септември до 3 октомври.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...