5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНова анкета: ВМРО-ДМПНЕ во убедливо водство пред СДМС, граѓаните имаат најголема доверба...

Нова анкета: ВМРО-ДМПНЕ во убедливо водство пред СДМС, граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат убедливо водство во однос на владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев во пресрет на одржувањето на локалните избори на 17-ти октомври, покажуваат податиците од истражнувањето на јавното мнение спроведено од Организацијата за граѓански активизам и независност објавени во понеделникот.

Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе бидат објвени во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.

Премиерот Зоран Заев ужива доверба кај 13,4 осто од испитаниците во ова истражување, додека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е далеку напред со 15,9 проценти. Од политичарите од македонскиот спектар во анкетата се јавува и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој има поддршка од 4,7 отсто.


Меѓу политичарите кои се борат за доверба од албанските избирачи во Македонија, лидерот на владејачката ДУИ има доверба од 6,4 отсто а го следи со 5,9 отсто Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Доколку утре се одржат изборите дека за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе гласаат изјавиле 19,9 отсто од испитаниците, додека значлително заостанува СДСМ со 15,7 проценти.

ДУИ и Коалицијата на Алијансата на Албанците и Алтернатива се речиси израменти со 8,7 односно 8,5 отсто од испитаниците, додека Леција следи со 4,9 отсто додека, само уште ДПА се јавува во во ова истражување со поконкретна бројка од 1,2 отсто.

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување од периодот на 1 септември до 9 септември 2021 на репрезентативен примерок на 1 149 испитаници на територијата на целата држава, со фокус на Град Скопје и општините на градот. При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело..
Net.Press

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...