11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПетгодишно детенце од Мала Речица искасапено од глутница кучиња, хоспитализирано е на...

Петгодишно детенце од Мала Речица искасапено од глутница кучиња, хоспитализирано е на Детската клиника

Пет годишно дете од тетовска Мала Речица е тешко повредено од бездомни кучиња и поради тоа има рани од каснувањето по цело тело, од главата па се до стопалата. Нападот се случил вчера претпладне, а околу 13 часот и 40 минути во СВР Тетово каснувањето го пријавил неговиот 57 годишен дедо, пренесува Сител.

Семејството реагира на тоа што во тетовската Клиничка болница детото ја нема добиено вакцината против беснило која се дава при каснување од куче. Детото било однесено денеска во Скопје за да ја прими вакцината.
-Беше 10.30 часот пред портата кога го нападнале цел чопор на кучиња. Среќа што соседот успеал да ги избрка некако. Има каснување на цело тело, на око, на уше, на грбот, на раце и нозе, по телото. Не можев да го подигнам од што го болеше секаде. Во болница имаше шиење посебно на око, па кај друг лекар за лице, па друго место за грбот. Прими само една вакцина, а за другата против беснило мора да одиме во Скопје затоа што овде ја нема, изјави мајката Валбона Мемети.

Детето добило антитетанус, инфузија и антибиотици, а во болничкиот извештај стои дека е консултиран инфектолог за антирабиес превенција. Потоа и дека се упатува на Клиниката за инфективни болести во Скопје, стои напишано на лекарскиот извештај.
Од раководството на тетовска клиничка болница доставија документ – договор за набавка, со кој тврдат дека има набавено таква вакцина и серум против беснило, но немаа одговор зошто детето за тоа е пратено во Скопје.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...