5.9 C
Ohrid
петок, октомври 15, 2021
Почетна Македонија Заев доби волонтерски елек и златен медал за посебни заложби и соработка...

Заев доби волонтерски елек и златен медал за посебни заложби и соработка со Црвен крст

Translate (Eng):[gtranslate]

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, денес доби волонтерски елек на Црвениот крст и златен медал на Црвениот крст кој се доделува за посебни заложби и соработка во остварувањето на мисијата на оваа хуманитарна организација..
„Голема чест ми е што денеска добив волонтерски елек на Црвениот крст и златен медал на Црвениот крст, кој се доделува за посебни заложби и соработка во остварувањето на мисијата на оваа хуманитарна организација.
Соработката на Владата со Црвениот крст ја креваме на следно ниво. Со Програмата за соработка помеѓу Црвен крст и Владата за обезбедување стокови резерви за делување при итни состојби, обезбедуваме хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓани погодени во случаи на елементарни катастрофи и кризни состојби.
Денес Црвениот крст на Македонија, со целото свое искуство, организираност и волонтерската база низ целата држава, со преку 500 волонтери и мобилни тимови учествува во справувањето со заканите од КОВИД-19 уште од почетокот на пандемијата. Нивната благородна акција е инспирација и поттикнува нови волонтери подготвени постојано да пружат помош, утеха, добар збор, понесени од универзалното чувство за солидарност, хуманост и емпатија“, објави премиерот на фејсбук.

РЕКЛАМА
- Реклами -