18.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаЗошто наставници ги тераат децата да вежбаат со маски на Физичко?

Зошто наставници ги тераат децата да вежбаат со маски на Физичко?

Министерството за образование не презеде обврска да прати инспекција во школите за да провери како се одвива наставата по Физичко воспитание иако во Протоколот за настава со физичко присуство никаде не пишува дека учениците треба да носат маски додека извршуваат физички активности, пишува Плус Инфо.

Како ќе влијае врз здравјето на децата вежбањето на часовите по Физичко образование со маски? Родителите досега беа загрижени за тоа како носењето маски на училиште ќе влијае врз здравјето на децата, а сега треба да се грижат и за тоа какви последици ќе остави вежбањето со маски врз здравствената состојба на нивните деца.

До редакцијата на ПЛУС ИНФО пристигнаа поплаки од родители дека во одредени основни училишта на часот по Физичко образование учениците носат маски, трчаат и вежбаат со маски, по што се жалат дека не можат да дојдат до здив, дека тешко дишат и чувствуваат голем замор и главоболки.

Што вели Протоколот?

Во Протоколот за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021-2022 година, освен дека во фискултурната сала не смее да има повеќе од една група, односно одделение и дека по секое користење, треба да се проветри и дезинфицира, никаде не пишува дека учениците треба да бидат постојано со маски додека извршуваат физички активности.

За тоа како треба да се одвива наставата по овој предмет за време на пандемија разговаравме со професорите од спортската гимназија „Методи Митевски-Брицо“ во Скопје. Часовите по Физичко во ова училиште би требало да бидат пример за тоа како треба да се одвива наставата во сите други основни и средни училишта.

Професорите рекоа дека ги следат протоколите за реализација на наставата со физичко присуство, односно, во фискултурната сала повеќе од едно одделение не е присутно, практичните предмети во сала се извршуваат без маски, а оние ученици кои поради одредени причини седат на клупа – носат маски, седат со потребната дистанца, не се изведуваат спортски игри и вежби каде учениците меѓусебно би биле во близок физички контакт.
Извор: Плус Инфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер

Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно...

За една година затворени 14 училишта во Македонија

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. „Според податоците на Државниот завод за статистика,...

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

Новинарот Фуркан Салиу во уште едно видео за ПорталХ, обвинува дека директорот на Клиниката за Токсикологија си ја вработил снаата. „Директорот заборавил дека ја вработил...

Пендаровски: За мене сите се еднакви во Македонија.

За мене сите се еднакви во Македонија вели претседателот Стево Пендароваки. Денеска во Ранковце си подадовме рака со активистите на ВМРО-ДПМНЕ и на противкандидатката...