13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаРамиз Мерко ќе го отвори новото музичко училиште во Струга

Рамиз Мерко ќе го отвори новото музичко училиште во Струга

По речиси три недели задоцнување ќе започне учебната година во новоформираното општинско основно музичко училиште во Струга. На стартот на учебната година ќе се појават градоначалникот и министерот за информатичко општество Јетон Шаќири, пишува Мики Трајковски за Алсат.

Родителите преку вибер добиле известување дека претходно закажаните часови за 20 и 21 септември се одложуваат. Наместо тоа, тие ќе се одржат утре и тоа не наутро, туку во 18 часот. Денеска во Алсат родители реагираа за ваквите случувања во училиштето. Велат – им се чини дека станува збор мешање на политиката во образованието. Не сакаа да зборуваат во камера за евентуално нивните деца потоа да не трпат последици во наставата.

Според агендата, се планира градоначалникот и Шаќири да одржат поздравни говори пред децата, родителите и наставниците. Инаку, станува збор за околу 100 запишани деца. Алсат праша во училиштето зошто три недели се доцни со почетокот на наставата? Директорот вели – доцна завршиле процедурите за запишување на училиштето во Централниот регистар.

„Задоволство ми е што за прв пат во Струга отвораме музичко училиште и утре ни е свеченоста. Јас не можев да го заобиколам основачот. Затоа утре ќе биде присутен и градоначалникот, како основач на училиштето и министерот за информатичко општество, кој ќе ги предаде нормативните акти на училиштето…“, изјави Алтин Зиба-директор на музичко училиште во Струга.

Од Министерството за образование само кратко одговорија дека активностите на функционерите пред и за време на изборниот период се уредени со Изборниот законик. За фактот дека наставата во ова училиште ќе почне со доцнење од три недели – немаа коментар.

Мики Трајковски Алсат Тв

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...