6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаMaкедонија треба да има став и за подморници

Maкедонија треба да има став и за подморници

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Њујорк изјави дека членките на Алијансата треба да останат обединети и покрај несогласувањата околу раскинувањето на договорите за продажба на француски подморници на Австралија, како дел од новото стратешко партнерство помеѓу САД, Велика Британија и Австралија.

Столтенберг рече дека членките на НАТО не треба да дозволат спорот меѓу Франција и САД и Велика Британија да доведе до траен раскол..
Столтенберг побара членките на НАТО да имаат единствен став.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Њујорк изјави дека членките на Алијансата треба да останат обединети и покрај несогласувањата околу раскинувањето на договорите за продажба на француски подморници на Австралија, како дел од новото стратешко партнерство помеѓу САД, Велика Британија и Австралија.

Столтенберг рече дека членките на НАТО не треба да дозволат спорот меѓу Франција и САД и Велика Британија да доведе до траен раскол.

Лидерите на Европската унија (ЕУ) ја поддржаа Франција во спорот околу одлуката на Австралија да се откаже од договорот со Французите за купување подморници и да потпише трилатерален азиско-пацифички безбедносен договор со САД и Велика Британија.

Сепак, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не поддржа ниедна страна, и го истакна единството околу главните цели на Алијансата.

– Сосема го разбирам разочарувањето на Франција. Во исто време, сојузниците во НАТО се согласуваат за најважните работи, а тоа е дека ние мора да бидеме обединети за да се соочиме со заедничките предизвици, вклучително и промена на глобалната рамнотежа на силите, рече тој на маргините на Генералното собрание на ОН.
Столтенберг изрази уверување дека Франција, Велика Британија и САД „ќе најдат пат напред и нема да дозволат несогласувања да создадат трајни проблеми за алијансата“.

Француските власти постојано го осудуваат раскинувањето на договорот и новото стратешко партнерство меѓу трите земји, сметајќи го за предавство.

Министрите за надворешни работи на ЕУ изразија поддршка за Франција по состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН.

Австралија тврди дека договорот за подморници се однесува на заштита на нејзините стратешки интереси во услови на општа загриженост за зголеменото влијание на Кина.

Канбера го откажа купувањето на 12 француски дизел-електрични подморници, во вредност од 66 милијарди долари, и наместо тоа одлучи да купи најмалку осум технолошки напредни, нуклеарни подморници од Велика Британија и САД.

Обединетото Кралство и САД инсистираат дека несогласувањето не треба да ги наруши нивните севкупни односи со Франција..

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...