-0.1 C
Ohrid
четврток, март 20, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Никој не е венчан за функцијата, секој од нас е заменлив.

Филипче: Никој не е венчан за функцијата, секој од нас е заменлив.

spot_img

Се воздржувам од сите коментари се додека трае истрагата. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со пожарот во тетовската модуларна болница

<

Министерот посочи дека во истрагата за избувнувањето на пожарот во модуларната болница се вклучени институции, обвинителства и како што напомена, ќе дозволи најпрвин тие да констатираат, а по завршување на процесот ќе биде на располагање за разговор или изјава.

-Дозволете да не коментирам со оглед на тоа што има истрага. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, рече Филипче.

Тој додаде дека процесот на проверка и на комуникација со директорите на болниците, како и проверка од страна на Санитарниот инспекторат е завршен. Документацијата за модуларните болници, како што рече, е во проектната единица на Светска Банка во Министерство за труд и социјална политика и така е одговорено на барањата.

Во однос на оставката, министерот посочи дека секој од нив е заменлив, никој не е венчан за функцијата.

-Се воздржувам од сите коментари за се ова додека траат активностите на сите истражни органи. Секој од нас е заменлив, никој не е венчан за функцијата, тоа е мојот став во однос на се, додаде Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10-минутен огномет во Скопје во време кога тагува цела Македонија

Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани на некого му дошло до огномет. На социјалните мрежи се појави снимка на која јасно се...

Мицкоски најави отворање на случаите за модуларната болница и за несреќата кај Ласкарци

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Сител“ рече дека ќе се отворат „сите претходни случаи, и за модуларната болница и за Ласкарци“, најавувајќи...

Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените. Бескрајно жалиме...

Бугарски пратеник собра 34.200 евра за настраданите во Кочани

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра, објавија „Пловдив24.бг“. Во петок, заедно со својот соработник Чило,...